Апсења на повеќе локации во Македонија
Во текот на вчерашниот и денешниот ден полицијата апсеше на повеќе локации на територијата на целата држава.
На 17.12.2024 во 23.10 часот на локалниот пат кон с.Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода 17 – годишник од Виница. При преглед во возило „фолксваген кеди“, кое претходно го управувал малолетникот, а на кое биле поставени две различни кумановски регистарски таблички, биле пронајдени девет лица мигранти од Непал. Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а против малолетникот, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.12.2024 во 12.00 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, со наредба од Основен суд Велес, извршиле претрес во домот Н.А.(25) од Велес, кој на 16.12.2024 во 20.30 часот на наплатна станица Сопот бил лишен од слобода затоа што при преглед во патничко возило „фиат“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена зелена растителна материја. При претресот била пронајдена и одземена зелена растителна материја. Н.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 18.12.2024 во 01.30 часот на ул.„Илка Присаѓанка“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.А.(42) од Прилеп. Тој бил фатен при извршување на тешка кражба во товарно возило. Украденото било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 17.12.2024 во 22.05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ф.К.(23) од Република Турција затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.12.2024 во 14.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ј.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 17.12.2024 во 17.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Б.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа