Утре е Свети Никола – Што треба, а што не треба да направите на овој ден

 


Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски се смета за заштитник на морињата. На христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, морнарите ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето. На иконите Свети Никола се претставува со својата архиерејска одежда.

Покрај сите обичаи, собирањето на целото семејство околу богатата трпеза е централно случување. Обврзно се пали кандило и се крши лепче со паричка. Но, на трпезата е уште еден од големите симболи на најсреќниот христијански празник – Божиќната пченица.

Зелениот дел од пченицата изгледа убаво и свежо, па можеби затоа претставува и уникатен украс во вашиот дом, а ќе донесе и посебна свежина во домот.

Иако пред Божиќ може да ја купите и готова, ако сте од оние коишто сакаат да ги почитуваат обичаите, посадете ја сами.

Ваквата декоративна пченица најчесто ќе сретнете на трпезите кај католиците, коишто за католичкиот Божиќ секогаш ја ставаат на трпезата.

За да израсне до Божиќ, би требало навремено да ја посадите. Треба да биде зелена и бујна, бидејќи тоа означува дека такви ќе бидат посевите во текот на годината, или така барем велат старите верувања.

 

 

18.12.2024 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега