17-годишник во автомобил превезувал девет мигранти - полицијата го пресретна на локален пат во Куманово

 


Вчера во 23.10 часот на локалниот пат кон с.Речица, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции во Бирото за јавна безбедност лишиле од слобода 17 – годишник од Виница.

При преглед во возило „фолксваген кеди“, кое претходно го управувал малолетникот, а на кое биле поставени две различни кумановски регистарски таблички, биле пронајдени девет лица мигранти од Непал.

Мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце, а против малолетникот, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

18.12.2024 - 10:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега