Силно се стресе Чиле: 6,4 степени по Рихтер
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле, со епицентар на 41 километар југоисточно од градот Молина. Според информациите од Геолошкиот институт на САД, земјотресот се случил на длабочина од 110 километри.
Земјотресот бил почувствуван во централните и северните региони на Чиле, вклучително и во главниот град Сантијаго.
Чилеанскиот национален систем за спречување и одговор при катастрофи објави дека нема извештаи за штети или вонредни ситуации. Дополнително, Чилеанската океанографска служба информираше дека земјотресот „не ги исполнувал условите неопходни за создавање цунами“ во близина на брегот.
Чиле е дел од Пацифичкиот огнен прстен, регион со една од највисоките сеизмички и вулкански активности во светот.
Како што пренесува АП, засега нема извештаи за штета предизвикана од земјотресот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа