Аутопартс Eкспо 2023, саем за автоделови во Скопје
На 3 јуни во х. Мериот-Скопје со почеток во 12 часот ќе се одржи Аутопартс Експо (Auto Parts Expo) 2023, интернационален саем за автоделови, на кој ќе се претстават реномирани производители на автоделови од Европа, најголем дел од Германијa, но и од други делови од светот.
Организатор и носител на настанот е реномираната компанија Мега Ауто Партс, која истовремено слави и 25 годишен јубилеј, две и пол децении успешна работа на македонскиот пазар, обезбедувајќи авто делови со оригинален квалитет од врвни европски и светски производители.
Auto Parts Expo Skopje 2023 е наменет за производители и дистрибутери на резервни делови, работилници за поправка на автомобили, дијагностички центри, продавниците за автоделови од разни градови од државата, сервисери на моторни возила и сите оние компании и поединци кои поседуваат возен парк и потреба од квалитетна понуда на авто делови.
Присутните на саемот ќе имаат можност да се запознаат со најновите иновации и интернационални трендови во индустријата на авто делови, да се сретнат и разменат искуства со врвни експерти, да воспостават нови бизнис релации, и да дојдат до нови идеи за проширување на своето знаење и бизнис. Ќе бидат изложени напредни решенија поврзани со резервните делови, лубриканти, батерии, дијагностика на возила, опрема за работилници итн.
На својот 25 годишен роденден од компанијата Мега Ауто Партс уште еднаш сакаат да потенцираат дека квалитетните и оригинални авто делови обезбедуваат подобри перформанси на моторните возила, но истовремено во голема мера придонесуваат во сигурноста и безбедноста на сообраќајот.
“Безбедноста и сигурноста во сообраќајот е нешто со што не треба да се прави компромис. Затоа, кога купуваме авто делови тие треба да бидат квалитетни и од проверен и реномиран производител. Кога се купуваат од овластен дистрибутер, тие се посигурни а честопати знаат да бидат и поевтини, но секако и подолгорочно да ја вршат нивната функција. Купувањето делови од производство со сомнително потекло и од неовластени трговци, во никој случај не треба да се смета како заштеда, бидејќи секогаш се покажало дека на долг рок, имаме штета од тоа. Автомобилите побрзо и почесто се расипуваат, а сигурноста и животот на патниците е доведена во прашање”, истакна г. Агим Горчај, coпственик Мега Ауто Партс. http://megaauto.com.mk/
Мега Ауто Партс се занимава исклучително само со увоз и дистрибуција на оригинални резервни делови за возила. Производителите на овие делови исто така се добавувачи на големите автопроизводители и нивните делови се користат за прво вградување во возилата. Тоа значи дека деловите се со врвен квалитет, веќе докажан кај возилата и за кои гарантираат големите производители на возила.
Мега Ауто Партс увезува делови од брендови кои се директни производители. На овој начин се избегнува сомнителното потекло на производите од компаниите кои препакуваат делови од повеќе производители и истите ги препродаваат под сопствено име.
Соработува со повеќе од 500 продавници, сервиси и овластени дистрибутери на автомобили долж целата територија на Македонија и со тоа претставува една од најголемите компании во AFTERMARKET бизнисот со авто делови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа