ВИДЕО: Дванаесетгодишно девојче е новиот Стив Џобс!

 

Палома Најола е девојче од Мексико кое е толку талентирано за математика што медиумите ја нарекуваат идниот Стив Џобс.

Таа е најмала од осумтте деца во фамилијата, а списанието Wired ја стави на насловната страница и ја нарече девојчето Џобс. Минатата година таа освоила 921 поен на државниот испит по математика, што е најдобриот резултат кој некогаш е постигнат во оваа област во Мексико.

Нејзиното семејство егзистира од продажба на метален отпад, а голема помош во математиката и дал нејзиниот професор Серхио Хуарез Коре.

„Кога Палома би имала можности како Стив Џобс, веројатно би била гениј“, изјавил тој.

03.11.2013 - 14:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега