Александар Новакоски: ДИК не смее да тера политика, изборите мора да продолжат каде што застанаа
Екс претседателот на Државната изборна комисија, и поранешен генерален секретар на Собранието, Александар Новакоски смета дека изборниот процес треба да продолжи онаму каде што застана, а по договор на политичките лидери, во согласност со проценките на здравствените власти, да биде закажан термин за изборно соочување. Во интервју за Прес24, Новакоски вели дека ставот на актуелниот Претседател на ДИК за започнување на изборите одново не е заснован на ниту еден позитивен закон, ниту Устав , а ниту произлегува од Уредбите кои се донесени во време на вонредна состојба.
-Самото тоа што и Вие ги посочувате членовите на ДИК како номинирани од политички партии, а и Претседателот на ДИК е номиниран од политичка партија, разногласието во ДИКќе кулминира, ќе бидат ставовите во јавноста прифаќани и толкувани како ставови на политичките партии кои ги номинирале и сето тоа ќе замре кога лидерите ќе договорат,ако договорат датум и со тоа ќе стане јасно чии ставови застапувале.Сметам дека Претседателот на ДИК не требаше да излезе со став пред да свика седница на ДИК,таму да се разгледа ова прашање, во присуство на јавноста,транспарентно, тогаш се ќе беше поинаку, вели Новакоски за Прес24.
Според него и во случај Перетседателот на ДИК да поднесе оставка, тоа нема да биде пречка за изборниот процес да продолжи, така што таква опција во случај на несогласување во ДИК нема да го врати изборниот процес од почеток.
-Изборниот законик ја предвидел оваа можност, со измените од 2011 година и ако тоа го стори комисијата има законска можност да продолжи бидејќи Потпретседателот ќе продолжи со работа, со полни овластувања и може и да свикува седници.Нема кој да е констатира оставката,нема кому да ја поднесе и тој ќе мора да ја извршува функцијата.Се работи за човек со професионално и политичко искуство и секако ги знае овие работи, вели поранешниот прв човек на ДИК.
Тој потенцира дека практично е невозможно изборите да почнат од почеток.
-Ние имаме распуштен парламент.Јас апелирав и бев на став дека мандатот на пратениците не е истечен и дека трае до изборот на нови пратеници.Но сега имаме ситуација во која Вонредната состојба е прогласи Претседателот на државата, истиот ја продолжи,а Собранието не се свика да истата ја донесе.Што значи сега дека Претседателот ги пренел овластувањата на Владата која во услови на Вонредна состојба носи Уредби со законска сила.Законодавната надлежност сега е во Владата.Таа сосема легитимно и легално носи Уредби кои се во полна сила и според мене, во ваква ситуација таа ги носи одлуките и за изборите и за нивното продолжување,а ДИК само може да ги спроведе, вели во интервјуто Новакоски.
Според негово толкување и Уредбите на Владата со законска сила имаат важност се до состав на новиот парламенти, кога пратениците ќе треба да ги разгледуваат, освен оние Уредби кои се однесуваат на ограничување на човековите права.
-Правниот поредок не се создава исклучиво преку законодавната власт.Неможноста да се свика Парламентоте фактичко прашање,ако тој не сака да се состане тогаш Владата има полно право да носи вакви уредби и нивната важност при овие услови ги прави Уредбите да може да се во сила и по вонредната состојба,освен уредбите со кои се ограничуваат човековите права.Сите кои се во интерес на државните функции и функционирањето на државата според мене може да имаат правно дејство се додека Собранието не ги разгледа.Уредбите со законска сила не се извршни уредби и тие и во поглед и на содржината се карактеризираат со поголема самостојност во однос на Законите, вели Александар Новакоски, поранешен шеф на ДИК и екс генерален секратер на Собранието во интервју за Прес24.
ПРЕС24: Иако Македонија е се уште во полициски час, без да има јасена претстава кога тој ќе биде укинат, сепак изборите стануваат централна тема. Има ли лигика од полициски час директно на избори да се оди?
НОВАКОСКИ: Изборите во нашата држава, мислам на Парламентарните избори, стана вообичаена пракса, да бидат предвремени. Сите ние знаеме дека подолг период предвремените избори се резултат на политички кризи кои произлегуваат од низа настани,сите тие беа договаранина средби помеѓу политичките партии, кои според некои непишани правила се сведе на четири политички партии,две од македонскиот блок, две од албанскиот блок, тие одлучуваат за сите прашања,меѓу кои и датум на избори, нивно пролонгирање,одлагање на веќе распишани избори и се тоа со посредство на преставници на меѓународнта заедница,пред се САД и ЕУ и низа меѓународни експерти.
Сето ова ми дава за право да констатирам дека ние сеуште се сметаме фрагилна држава во многу области од владеење на правото, исполнувањето на високите европски стандарди кои се пропишани за владеење на правото, поделбата на власта и почитувањето на поделбата на власта на законодавна извршна и судска, а се тоа не доведува секогаш во ситуација да се изнаогаат хибридни решенија за многу сериозни прашања.
Но, сега се соочивме со една ситуација која не е предизвикана од човечки фактор, се работи за вонредна состојба предизвикана од COVID 19,која се соочува целиот свет,сите држави и во правната терминологија тоа е класичен пример на виша сила и ситуација на крајна нужда.
Целокупната понатамошна постапка околу изборниот процес и одржување на изборите зависи од таа виша сила,состојбата на вонредна состојба и одлуката за тоа дали постојат услови за одржување на изборите е во рацете на стручните лица – медицинските експерти,кои треба професионално,стручно, врз база на фактичката состојба да препорачаат и одлучат дали со одржување на изборите нема да дојде до загрозување на здравјето на граѓаните,кои се ризиците,дали ги има и многу други прашања.
После нивната одлука и препорака, сметам дека доаѓаат на ред правните експерти, кои треба да ги разгледаат сите правни аспекти и донесе одлука за изборите.
ПРЕС24: Претседателот на ДИК, смета дека целиот изборен процес треба да почне од почеток, односно со распишување на избори и сите рокови да течат повторно. Други членови на ДИК, номинирани од СДСМ сметаат дека со завршувањето на вонредната состојба треба да продолжат да течат роковите онаму каде застанаа?
НОВАКОСКИ: Мојот став по ова прашање не е променат и го изнесов на повеќе изјави далеку пред Претседателот на ДИК да излезе со свој став и далеку пред политичките партии да излезат со свои ставови.Тоа може да се прочита.Знаете јас сум бил Претседател на ДИК и генерален секретар на Собрание, и моите ставови ги изнесов на одговори на прашања кои беа поставени врз база на новинарски интереси кои навремено согледаа дека ние по завршување на вонредната состојба ќе се соочиме со правни недоразбирања,а секако нашите политички водства, можат да ги променат своите ставови од дневно политички потреби.
ДИК е надлежна за спроведување на изборите, се грижи за законитоста на изборниот процес од денот на распишување на изборите до денот на конечното завршување.
Таа има многу надлежности, но таа не одлучува за денот на избори, не одлучува за поништување на избори, не одлучува дали ќе бидат изборните дејствија започнати од ново или не.
Сите тие имаат право да изнесуваат свои ставови, сите членови се рамноправни и имаат право на еден глас, но Претседателот на ДИК не можев да разберам дали изнесува став на комисијата, негов личен став или негови размислувања.Се тоа е легитимно, но единствено легално и законски оправдано е да ДИК изнесе став на комисијата кој се носи со мнозинство гласови и само така ДИК ќе ја зачува барем малку професионалноста.
Ставот на Претседателот за започнување на изборите одново не е заснован на ниту еден позитивен закон, ниту Устав , а ниту произлегува од Уредбите кои се донесени во време на вонредна состојба.Самото тоа што и Вие ги посочувате членовите на ДИК како номинирани од политички партии, а и Претседателот на ДИК е номиниран од политичка партија, разногласието во ДИКќе кулминира, ќе бидат ставовите во јавноста прифаќани и толкувани како ставови на политичките партии кои ги номинирале и сето тоа ќе замре кога лидерите ќе договорат,ако договорат датум и со тоа ќе стане јасно чии ставови застапувале.
Сметам дека Претседателот на ДИК не требаше да излезе со став пред да свика седница на ДИК,таму да се разгледа ова прашање, во присуство на јавноста,транспарентно, тогаш се ќе беше поинаку.
ПРЕС24: Можно ли да се случи, Претседателот на ДИК да поднесе оставка, ако во ДИК се појават разногласија. Што во таква ситуација?
НОВАКОСКИ: Самото прашање сугерира дека ставот на Претседателот е јасен и дека истиот може да се одлучи на таков чекор.Па ако другите членови искажат друго мислење тој може да даде оставка.Јас мислам тоа нема да го направи во услови на распишани избори, кога јасно стана дека Претседателот на Собрание е категоричен во својот став за непостоење можност за свикување на Собрание, со што како одговорен,искусен функционер мислам нема да си дозволи.
Изборниот законик ја предвидел оваа можност, со измените од 2011 година и ако тоа го стори комисијата има законска можност да продолжи бидејќи Потпретседателот ќе продолжи со работа, со полни овластувања и може и да свикува седници.Нема кој да е констатира оставката,нема кому да ја поднесе и тој ќе мора да ја извршува функцијата.Се работи за човек со професионално и политичко искуство и секако ги знае овие работи.
Мислам комисијата иако е составена од политички преставници, ќе изнајде сили да излезе од партиските матрици, таму има искусни членови кои имаат и политичко искуство,бивши пратеници, бивши претседатели на ДИК, бивши судии и се ќе зависи од тоа дали ќе можат да одолеат на политичките притисоци.
ПРЕС24: Аргументите на оние кои сметаат дека процесот треба да почне од почеток се изборачкиот список, уставното право да се биде биран... Реално дали овоие избори на крајот од денот би биле со многу фалинки?
НОВАКОСКИ: Да,овие дилеми ги наметна Претседателот на ДИК во своите изјави.Сосема легитимно.Ние имаме распуштен парламент со едногласна одлука на Собранието.Ние имаме техничка Влада за спроведување на избори во која партиципираат преставници и на опозицијата.Тоа е добро за да се изнајде решение.
Избирачкиот список е секогаш тема кога се сака да се проблематизираат изборите.Но, Избирачкиот список е во целосна надлежност на ДИК повеќе изборни циклуси.Ние претходната година имавме Претседателски избори, ние имавме референдум,а претходните години не сме без изборен процес.Целокупната надлежност за избирачкиот список,неговата точност,ажурирање е одговорност на ДИК.Во ДИК и владата предводена од ВМРО ДПМНЕ и владата предводена од СДСМ,а и техничката Владанаправија многу да се подобрат капацитетите на стручната служба, која има огромен број државни службеници,со подрачни одделенија и ако до сега тие не го ажурирале списокот, не знам како тоа ќе го направат за 10,20 или 30 дена? Ова е веќе тема која требаше да се затвори.Истите тие тврдеа дека списокот е точен, дека е во целост ажуриран, дека се е во ред со истиот.
Што се промени во овие дена да одеднаш списокот се става на маса.Тоа се тие политички калкулации.Во однос на ревизијата, во 5-6 изборни циклуси има препораки од ОБСЕ/ОДИХР да се направи.Зошто тоа не е направено?
Во почеток на мај ДИК го ажурира списокот, го ажурира на секои 3 месеци, а и во потполн капацитет човечкитоа го прави.
Во однос на тезата дека треба да се почнат изборите одново, мислам дека тоа е невозможно.Ние имаме распуштен парламент.Јас апелирав и бев на став дека мандатот на пратениците не е истечен и дека трае до изборот на нови пратеници.Но сега имаме ситуација во која Вонредната состојба е прогласи Претседателот на државата, истиот ја продолжи,а Собранието не се свика да истата ја донесе.Што значи сега дека Претседателот ги пренел овластувањата на Владата која во услови на Вонредна состојба носи Уредби со законска сила.Законодавната надлежност сега е во Владата.Таа сосема легитимно и легално носи Уредби кои се во полна сила и според мене, во ваква ситуација таа ги носи одлуките и за изборите и за нивното продолжување,а ДИК само може да ги спроведе.
Се надевам одлуките ќе бидат донесени согласно дозволата од здравствените експерти, а ако тие бидат позитивни, и ако не се продолжи вонредната состојба, ДИК треба да продолжи таму каде застанал.
Зошто ДИК ги потврди изборните листи иако беше очигледно дека ќе се прогласи вонредна состојба? Тоа се моментите кога треба да се размислува,тоа е одговорноста која треба да ја имаат одговорните,а не сега да се проблематизира се или да се бега од одговорност.
ДИК во рок од еден ден од завршување на изборите треба да донесе ревидиран роковник за изборните дејствија кои следат.ДИК има јасни препораки од ОБСЕ/ОДИХР во однос на правото на глас.Повеќе изборни циклуси илјадници граѓани се избришани од избирачкиот список бидејќи имале истечени лични документи,а тоа е повреда на правото на глас.Затоа ДИК може да овозможи запишување на гласачите кои стекнале право на глас,односно тие веќе мора да се запишани од ДИК и само ќе се додат во избирачкиот список за избори, кој сеуште не е потпишан од ДИК.А во однос на правото да бидаат бирани тие кои стекнале право на глас, се отвара како прашање само да се комплицираат состојбите. Илјадници граќани не можеа да го остварат правото на глас поради ригидниот став на ДИК околу истечените лични документи, кој беше критикуван,но останаа на тој став.Факт е дека се проблематизираат изборите,се калкулира со денови,очекувам и во часови.Недозволено.
И покрај тоа што вистински е комплицирана состојбата и здравствено и правно сите треба да најодговорно се однесуваат.
ПРЕС24: Колку е реално во вакви услови на пандемија, страв од ширење на вирусот да имаме избори со излезност која ќе гарантира релевантност на победникот?
НОВАКОСКИ: Сите држави во светот имаат проблеми со излезеноста која е многу битна за полн легитимитет на избраните преставници во законодавната власт.Секако постојат ризици и тие се реални.Но и да не беше пандемијата излезеноста може да е проблем, бидејќи се ова што се случува со политичката сцена кај нас влијае на излезеноста,демотивираноста на гласачите и корист од оваа апатија имаат само партиите кои имаат дисциплинирано членство,и затоа не направија ништо да работат на овој проблем.
Се нудеа решенија за ова, од искуства од други земји,пример да се повикуваат граѓаните со покани за гласање, ДИК да има активна улога во тоа,да се вршат едукации на младата популација,да го сфати значењето на изборите.Што од ова се направи? Ништо.Предлагав да се воведе гласање по пошта, со што и вон услови на пандемија ќе се олеснеше гласањето, да се емитираат спотови и да се воведат часови во средните училишта.Нас поголем проблем за излезеност ни е негативната кампања. Отколку пандемијата.
Секако ДИК ако продолжи со изборните дејствија,треба уште сега да бара од Владата,која е и со цел организирање избори, да се видат избирачките места, да се организираат уште сега, да имаат средства за повикување на граганите,објаснување на условите.Има многу работи кои требаше да бидат направени.Изборите и да се одржат во редовен термин требаше ова веќе да е завршено.Исто и за лицата кои не можат да пристапат до ибирачките места.
Избори во вакви услови ќе бидат кога и тие да се одржат.Затоа треба ДИК да се насочи кон работата,а не да политизира.Датумот мора да биде одреден исклучиво по укажувањата на здравствените работници,а избори мора да има,ако не за 30 дена може да се редовни.Тогаш, дали законодавниот дом ќе се состане ? Дали ќе се состане да го продолжи мандатот на овие пратеници? Не може тоа Уставниот суд.Затоа сметам дека целиот проблем настана со несвикување на собранието.
ПРЕС24: Очигледно е дека власта сака избори многу бргу, од друга страна пак опозицијата тактизира и посакува избори подоцна. Веројатно на лидерската средба ќе успеат да се усогласат за датум. Но, сепак какви се Вашите проценки, кога е најдоброто време за одржување на изборите?
НОВАКОСКИ: Морам да изразам едно мое изненадување од односот на политичките партии.Сите сакаа избори,часпоскоро.Го распуштија Парламенто во момент кога веЌе имаше најви од Светската здравствена организација за закана од пандемија од светски размери и дека нема да биде заобиколена ниту една држава.Сега сите се повикуваат на здравствените експерти.Ако е така нека тие одлучат има услови или не.Ако нема и се донесе таква длука, тогаш треба Собранието да се состане,не е истечен мандатот и да се оди на редовниот термин,бидејќи ќе истече мандатот на техничката влада.Да техничката Влада даде оставка, мандатот за состав на Влада се врати на Претседателот на државата кој ќе го додели повторно, ќе се избере нова влада, ќе се продолжи мандатот на овие пратеници ако има втор пик на пандемијата и така ќе се излезе од оваакриза.Бидејќи лицитирањето со 20-30-40-50 дена е вистина несериозно.Ако изборите се одржат сред лето –дали тогаш ќе има излезеност?
За сериозни времиња треба сериозни луѓе и сериозни институции.
Нас ни престојат преговори со ЕУ,мора да има Влада со полн капацитет,Собрание со полн капацитет,во спротивно уште еднаш ќе покажеме дека се ова што се случува,иземајќи ја пандемијата, било сериозно обмислено за рушење на парламентарната власт, судската и создавање на амбиент од кој ќе излезат како победници самопоединци,профитери,подземните структури.На грѓаните им е доста од овие ситуации.Ние деценија сме во вонредна правна,почитичка состојба, иако не беше прогласена.Доста беше.Секој треба да ја превземе одговорноста,за да и граѓаните ја преземат својата.Граѓанската непослушност чука на вратите на сите.
ПРЕС24: И кое е решението?
НОВАКОСКИ: Сега треба обединување на сите капацитети,па ако треба нека се направи широка коалција, согласно резултатите од изборите,со цел започнување преговори со ЕУ и овозможување услови за потполна независност на судството и сите регулаторни тела,независност на администрацијата, се друго ќе биде привремено решение.Оваа широка коалиција или експертска влада треба да се справи и со поствонредната економска состојба.Само тој е патот за излез од криза.Кој и да победи на следните избори, ќе се соочи со тешка состојба, а таа влада ќе биде со рок кој ќе биде многу краток.
ПРЕС24: Овие два месеци Македонија ги помина во прво искуство од вонредна состојба. Многу настани се случија, Сепак дали Владата успеа да одговори доследно на овој предизвик?
НОВАКОСКИ: Мислам дека Владата во целина добро се справуваше со предизвиците, добро што во неа учествува и опозицијата и многу допринесе се да сеодвива порелаксирано,бидејќи сакале илине, сите учествуваат во одлуките кои се носат.Здравството одговори на предизвиците,користам прилика да има одадам посебно признание како граѓанин и како човек кој знае со што тие се соочија,а исто и институциите, кои работат во посебни услови,каде треба многу знаење,искуство, мудрост, решенија кои се носат за кратко време.Товарот, факт е дека го понесе рамноправно и полицијата, сите служби,локални власти,правни субјекти.
Секако дали економски добро се справува, можам да дадам оценка дека во одредени сектори има пропусти,но мислам има померодавни од мене да го кажат стручниот став.
Овде би сакал да нагласам дека како адвокат, а тоа мое мислење произлегува од ставот на моите колеги кои делиме иста судбина, во ситуација кога и судовите не работат,освен одредени притворски предмети, према таа фела ништо не се помогна, тоа е една огромна бројка на адвокати,адвокатски стручни соработници,приправници,од која дејност егзистираат илјадници лица со фамилии.Но тука вината ја гледам и кај комората наша која не покажува никаков ангажман да се заложи за ублажување на состојбите.Ако огромна бројка на администрација прима редовна плата,платени и се придонеси, а не оди на работа, тогаш каде е солидарноста?
Сметам дека Владата многу претпазливо, многу нерешително го подели товарот на сите,односно не направи баланс.Секако тука и некои таканаречени независни институции кумуваа на тоа со свои одлуки.
Солидарноста, рамноправноста во услови на вонредна состојба треба да се наметнат и со болни одлуки.Нерамноправноста создава револт, скриен немир кај граѓаните и затоа сметам дека и за тоа е предвидена Вонредна состојба.Кога таа е прогласена важат посебни правила и ако некој нема во себе знаење, чуство и мисли дека ќе делува како да се редовни состојби, постои државата со своите инструменти да го освести,а ако треба и да го принуди.Ако во вонредна состојба се ограничуваат основните слободи и права на граѓаните загарантирани со Устав, тогаш уште повеќе има право на некого да му ограничи одредени права кои се со цел за рамноправно понесување на товарот на вонредната состојба
Во вакви ситуации се гледа големината на секој поединец, што мислат некои поединци,функционери,службеници – дека ако тие не споделат нешто сега со другите, дека ќе излезат нечепнати од оваа криза.Затоа мислам дека Владата, без разлика што многу ќе мислеа дека ја користи оваа вонредна состојба, требаше да биде порешителна и поригорозна.Ако мнозинството од грагани,ги почитуваат правилата, се заштитуваат себе,а со тоа и другите, ќе дозволам ли некој да си организира собири,седенки,хирови?Ако тој мал дел, без разлика кој и да е, непочитува ништо во вакви услови,како очекувате да ги почитува во редовни околности.Мораше во овие услови да има постапки со сериозни обвиненија, бидејќи нивното однесување неодговорно го загрозува здравјето на останатите, но и материјалниот опстанок на многу семејства.Дали и овде преовладаа политичките калкулации? Замислете , во судството имате судии кои работат константно,службеници кои работат константно,обвинители кои се постојано ангажирани и тие се исто наградени како и тие кои не се појавени на работа.Или 80% од администрацијата заборавиле каде им се работните места, а за масовни собири се први?
Од оваа криза сите треба прво да излеземе здрави, да излеземе пообединети, да извлечем поуки, да се вратат вредностите кои се изгубија или беа во втор план,да се обединат семејствата,фамилиите за да можеме да ја обединиме и државата.А одговорност за некои-мора да има.
ПРЕС24: МАНУ оцени дека со завршувањето на вонредната состојба, завршува и важноста на Уредбите со законска сила, Владата пак смета дека важноста на овие Уредби ќе биде и понатаму. Овие разногласија се дел и на тоа што не постои закон за вонредни состојби. Дали по ова, треба ваков закон да биде приоритетен во носењето?
НОВАКОСКИ: Јас излегов со став по ова прашање, пред МАНУ да го изнесе своето видување, кое е работено од Академици,професори и секако тоа имаи треба да има своја тежина.
Според мене, како главен проблем овде,за да се изгради и соодветен правно мислење, е проблемот со нефункцинирање на Собранието и цврстиот став на Претседателот на Собрание дека тоа е распуштено, истото не може да се состане бидејќи престанал мандатот на пратениците.
Прво, Закон за вонредна состојба и да имаше не може до крај да ги прецизира сите работи,пак ќе беше проблемот на толкувањето,но добро е да се донесе.
Мандатот на пратениците според мене истекува со изборот на новиот состав.Сметам дека тоа можеше да биде свикано во услови на вонредна состојба, кое ќе ја прогласеше и проблемите ќе беа далеку,далеку пооедноставни.
Но според тоа што Вонредната состојба е прогласена од Претседателот на Државата, а не од Собранието, може да се доведе во прашање важноста на Уредбите со законска сила по укинување на вонредната состојба.Да беше прогласена од Собрание, тие апсолутно ќе важеа додека Собранието не ги измени,или ги имплементира во Законите, или ќе престане да важат кога неги потврди.
Но, Владата во ваква ситуација, може да се води од уставните одредби за поделба на власта на законодавна,извршна и судска иима слобода да ги уредува овие односи,а уште повеќе што Собранието може да ги разгледува од како ќе се избере нов состав, што значи истите да важат и Владата може да ги изменува.Ја има целата законодавна функција, во вонредна состојба, но и во случаи на нужда,виша сила како што е сега.
Правниот поредок не се создава исклучиво преку законодавната власт.Неможноста да се свика Парламентоте фактичко прашање,ако тој не сака да се состане тогаш Владата има полно право да носи вакви уредби и нивната важност при овие услови ги прави Уредбите да може да се во сила и по вонредната состојба,освен уредбите со кои се ограничуваат човековите права.Сите кои се во интерес на државните функции и функционирањето на државата според мене може да имаат правно дејство се додека Собранието не ги разгледа.Уредбите со законска сила не се извршни уредби и тие и во поглед и на содржината се карактеризираат со поголема самостојност во однос на Законите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа