Овие општини својот градоначалник ќе го бираат во вториот круг

 

Иако досега нема официјална потврда, сепак, според досега изброените гласови во Новаци и Могила по се изгледа ќе има втор круг на избори за градоначалник.

Досегашните градоначалници Лазар Котевски на Новаци и Стево Пивковски на Могила не ги освоија потребниот број на гласови во првиот круг и во вториот круг ќе се борат за градоначалничката функција со своите противкандидати од СДСМ.

Дебарчани новиот градоначалник ќе го бираат во вториот круг, што ќе се одржи на 29 октомври.

Според изборните штабови на кандидатите во вториот круг одат кандидатот на ДУИ, Ружди Љата, кој на оваа функција беше и во изминатите четири години и Арбен Аголи,педијатар, кандидат на Алјансата за Албанците.

Љата освоил 3.414 гласови, додека Аголи 2.583 гласови. Во трка за градоначалник на Дебар беа шестмина кандидати.

Во единствениот избирачки список за оваа општина се запишани 18.406 граѓани а денеска правото на глас го искористиле 8.390 или 45,5 отсто од нив.Се гласаше на 27 збирак места и изборниот процес мина без никакви проблеми.

 

 

 

 

15.10.2017 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега