За успешност на изборите потребна е излезност од над една третина
За локалните избори да бидат успешни, мора на гласање да излезат над една третина од запишаните гласачи, предвидува Изборниот законик.
Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник не излезат една третина од вкупниот број на избирачи во една општина, се повторува целата изборна постапка во таа општина.
За победа во првиот круг на изборите, за кандидатот за градоначалник треба да гласаат повеќе од половина од оние кои излегле на избори.
Ако во првиот круг ниту еден кандидат за градоначалник не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови. Вториот круг на гласање се одржува за 14 дена, односно на 29 октомври. Во вториот круг ќе биде избран кандидатот кој добил поголем број гласови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа