МВР со детали за изборниот ден - има и приведени лица
Министерот Оливер Спасовски на вечерашната прес-конференција посочи дека изборите поминаа во мирна атмосфера, но дека се забележани повеќе мали инциденти.
До полицијата, како што посочи, поднесени се 46 пријави за фотографирање на гласачко ливче, гласање за друг, поткуп, носење гласачи на избори.
Во полцииската статистика, како што рече Спасовски, евидентирани се 44 прекини на гласања, на одделни избирачки места каде по консултации и краток застој за 15 до 20 минути гласањето е продолжено.
Појасни дека по однос на пријавите од 10-те случаи за фотографирање на гласачко ливче сите овие настани се расчистени при што 10 лица се приведени од кои четири во Скопје, две во Охрид, и по едно во Центар Жупа, Куманово, Струмица и Гостивар. Додаде дека е приведено и едно лице од Скоје за неовластено снимање.
Против сите овие лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Спасовски истакна дека се расчистени и настаните од нарушувањата на јавниот ред и мир во село Горно Седларце, Тетовско и скопската населба Бутел.
Приведени се три лица под основно сомнение за давање поткуп при гласање во Битола во близина на избирачкото место во ОУ „Ѓорги Сугаре“. По основ на гласање во име на друго лице приведени се две лица во Мирковци и во Кавадарци.
Министерот истакна дека по пријава на член од Избирачки одбор од Ресен на гласачкото место во ОУ „Мите Богоевски“ откриен е гласач кој дошол на гласање роден во Република Албанија, а со лична карта со адреса на живеење идентична на адресата на пријавителот, односно членот на ИО. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Во текот на денот одделот за внатрешна контрола на МВР, како што соопшти минитерот, постапувал во шест случаи во кои е пријавено дека полициски службеници се однесувале незаконито или непрофисионално.
- Конастатирано е дека три пријави се неосновани, една основана, една е без докази да се потврдат или отфрлат наводите и еден случај се уште се работи, рече министерот за внатрешни работи и додаде дека против полицискиот службеник за кој е констатирано дека или за кој ќе се констатира дека постапувал непрофсионално ќе бидат преземени соодветни дисциплински мерки.
МВР потеницра и во иднина ќе постапува единствено штитејќи ги правата на граѓаните и обезбедувајќи им достоинствени услови за изразување на ниванта волја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа