Чилиманов: Oва се први избори на кои е убиен кандидат
Технички, МВР можеби се во право дека денот на изборите помина без поголемо насилство и инциденти, но ова се први избори во кои е убиен кандидат, анализира новинарот Цветин Чилиманов во Отвореното студио на ТВ Нова посветено на изборите.
-Тоа се случи во општина што е од клучно значење за една од партиите, ДУИ, каде тие се навикнати на стопроцентен одзив, стопроценти гласови во делови од општината. Убиството дојде откако ДУИ го повика кандидатот да се повлече од изборната трка. МВР веднаш потоа излезе со оценка дека тоа не било политички мотивирано, вели Чилиманов.
15.10.2017 - 19:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа