Голема загаденост на воздухот во Карпош
Мерните станици на воздухот во скопската општина Карпош покажуваат голема загаденост на воздухот. Концентрацијата на штетните ПМ10 честички во оваа општина изнесуваат 229 на еден кубен метар, што е пет пати поголема од максимално дозволената граница.
Граничните вредности кои се најстрогите правила во законодавството на Европската Унија за нивоата на загадување на воздухот дефинираат дека дневната граница на присутност на ПМ 10 честичките не смее да биде поголема од 40 микрограми на метар кубен.
Концентрацијата на ПМ10 честичките, според мерните станици на Министерството за животна средина, во текот на денот била во границите на нормалата, а концентрацијата на штетните честички почнува да расте од 17 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа