ФОТО: Приведени тројца активисти на СДСМ во Битола за делење пари
Приведени тројца активисти на СДСМ во Битола кои делеле пари за да поткупуваат гласови во битолската населба „Баирот“, пишува Република.
Република, стигна и до фотографија од активиститите на СДСМ кои биле пријавени од граѓаните.
Полицијата ги привела, но дали ќе одговараат за ова кривично дело, останува да видиме. Според пријави на граѓаните до „Република“, денеска низ Битола низ текот на целиот ден циркулирале возила на полициската единица „Алфа“, а во секое од возилата имало по еден активист на СДСМ.
До порталот пристигнаа и фотографии, на кои се гледаат возилата.
15.10.2017 - 19:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа