Во Вевчани најголема излезеност, најслаб одѕив во Маврово Ростуше
На ниво на Република Македонија, највисока е излезноста во Вевчани 72,05 отсто, а најниска во општина Маврово Ростуше, 31,2 отсто, соопшти Државната изборна комисија за одѕивот на гласачите до 17 часот.
Во Скопје, најмногу гласачи излегле во општина Гази Баба-58,02 отсто, а најмалку во Шуто Оризари, 33,83 отсто.
Во општина Аеродром излезноста до 17 часот била 55,83 отсто, во Карпош 57,68, во Ѓорче Петров 54,02 отсто, Гази Баба 58,02 отсто, Бутел 49,59 отсто, Центар 56,11 отсто, Чаир 43,2 и Шуто Оризари 33,83 отсто.
15.10.2017 - 19:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа