Заев гласаше на локалните избори: Со фер и демократски избори победуваме сите
Денеска е голем ден за демократијата и слободата во Република Македонија, ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја, рече премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев кој попладнево гласаше во избирачкото место во Струмица.
– Денеска по пат на фер, демократски и слободни избори, граѓаните ќе го искористат своето уставно право и ќе заокружат за евроатланска интеграција на Македонија, ќе заокружат едно општество за сите во Македонија, ќе заокружат развиени економски општини и развиена економска држава, рече премиерот Заев.
15.10.2017 - 19:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа