Пријави до Јавното обвинителство за изборни нерегуларности

 
Неколку пријави за изборни нерегуларности има доставено во основните јавни обвинителства, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.
 
Во соопштението појаснуваат дека надлежните основни јавни обвинителства преземаат дејствија за овие пријави во насока на утврдување на фактите за постоење елементи на сторени кривични дела предвидени во  Глава 16 од Кривичниот законик – Кривични дела против изборите и гласањето.
 
Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија информира дека будно ги следи сите случувања за време на изборниот процес и денеска за време на гласањето.
 
Наведуваат дека во сите јавни обвинителства во Република Македонија, покрај редовните дежурства, организирани се и дополнителни дежурства од јавни обвинители со цел приоритетно, итно да се постапува по предмети поврзани со изборниот процес.
 
Комисијата за следење на изборни нерегуларности, како што наведуваат, продолжува да ја координира работата на јавните обвинителства во врска со откривање и гонење на сторители на кривични дела поврзани со изборите, за што во континуитет јавноста ќе биде известувана.
 

 

 

15.10.2017 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега