Амбасадата на САД: Ги охрабруваме граѓаните да излезат да гласаат
Aмбасадата на САД во Скопје испрати соопштение во кое се вели дека локалните избори на 15 октомври се важни за иднината на Македонија.
- „Ги охрабруваме сите граѓани да го искористат своето право на глас, да ги искажат своите ставови за проблемите во нивните заедници и да ја реафирмираат својата определба кон демократските вредности и владеењето на правото. Ги охрабруваме граѓаните, цивилното општество и медиумите да ги пријават сите сознанија за изборни нерегуларности на соодветните органи, се наведува во изјавата на американската амбасада“ - стои во соопштението од амбасадата на САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа