Навреме почна гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане

 

Навреме се отворени избирачките места во Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Во Куманово сите 167 места навреме се отворени. Право на глас во општината имаат 92.639 граѓани, информира претседателот на ОИК Звонимир Николовски. 

- И во општина Липково навреме се отворени 36-те избирачки места, соопшти претседателот на ОИК Лирим Јашари. Во Липково право на глас имаат 25.070 лица.

Претседателот на ОИК Драган Јовановски информира дека сите 37 избирачки места во општина Старо Нагоричане навреме се отворени. Материјалот навреме е дистрибуиран. Во оваа општина право на глас имаат 3.428 лица.

 

 

 

15.10.2017 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега