Во општина Дебар гласањето почна навреме

 

Во општина Дебар сите гласачки места се отворени навреме и гласањето на Локалните избори 2017 почна и се одвива непречено.

- Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општинава се спроведува во 27 избирачки мест,а а право на глас имаат 18.406 граѓани или 1.458 гласачи повеќе споредено со претходните локални избори. Излезноста е мала, што е воообичаено за утринските часови, изјави Али Реџа, секретар на Општинската изборна комисија во Дебар.

Вчера своето граѓанско право го оствариле 38 болни и изнемоштени лица.

За функцијата градоначалник во трка се шест кандидати. Петнаесетте членови за новиот состав на Советот на општината се избираат од седум предложени листи.

 

 

 

15.10.2017 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега