Во Кичево денеска гласаат 241 лице

 

Во Кичево денеска право на глас го остваруваат 241 лице. Денеска гласаат изнемоштени, болни, и лица на одржување казна затвор, лица во домашен притвор и раселени лица. Гласањето почна на време во седум часот и се одвива без потешкотии, информира секретарот на општинската изборна комисија во Кичево Ариан Имери.Тој посочи дека до 13 часот 80 отсто од лицата веќе го оствариле своето право на глас.

 

Имери информира дека материјалите веќе се подигнати од страна на изборните комисии, и оти Општинска изборна комисија во целост е подготвена за утрешното гласање на локалните избори.

Во Кичево има вкупно 116 избирачки места каде се запишани 50.578 гласачи.

 

 

 

14.10.2017 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега