Во Куманово гласаат 129 изнемоштени и болни и 82 затвореници

 

Во Куманово денеска гласаат 129 болни и изнемоштени лица, соопшти денеска претседателот на ОИК Звонимир Николовски, а во затворот во село Кшање 82 лица.

На утрешните избори во општина Куманово, право на глас имаат 92.639 граѓани кои гласаат на 167 избирачки места.

 

Во општина Старо Нагоричане денеска гласаат 19 болни и изнемоштени лица. На утрешните шести по ред локални избори во Македонија, како што информираше претседателот на ОИК, Драган Јовановски, право на глас во оваа општина имаат 3.428 граѓани кои гласаат на 37 избирачки места.

Во општина Липково денеска, според заменик-претседателот на ОИК Оливера Цветковска, гласаат 198 болни и изнемоштени лица. Право на глас на утрешните локални избори имаат 25.070 лица кои гласаат на 36 избирачки места.

 

 

 

14.10.2017 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега