Почна изборниот молк: Гласаат затворениците, раселените и немоќните

 

 

На полноќ заврши изборната кампања за локалните избори што ќе се одржат утре и започна изборниот молк.

Денеска, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.882 лица во казнено- поправните домови и лица кои се во притвор, девет внатрешно раселени лица, како и немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќниоте лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде ја издржуваат мерката.

Гласањето и денеска и утре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот.

Локалните избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје.

 

 

 

14.10.2017 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега