Груевски: Новата ера во Скопје ќе донесе нови булевари, автобуси, зеленила, Луна парк

 

На 15-ти октомври ќе ги одбереме оние кои се комплетно способни и мотивирани, со жар, за да ја креираме иднината на Скопје. Ги знаете многу добро, го знаете добро Коце Трајановски. Тој напиша историја во Скопје. Создаде толку многу нови и големи работи и тој знае најдобро што значи локалната самоуправа, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на масовниот митинг во главниот град.

Новата ера за Скопје ќе донесе бројни проекти од кои добробит ќе имаат сите граѓани од сите скопски општини.

 

-Новата ера за Скопје ќе донесе нови булевари. Почеток на изградба на Јужен булевар, продолжение на булеварот АСНОМ, комплетно ново сообраќајно решение  и турбо кружен тек кај Хубо Маркет, проширување на булеварот „Борис Трајковски“ од Пинтија до пред влезот на Драчево, нова траса на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“. Изградба на нови водоводи во Ченто, Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Хиподром и на други места. Ќе изградиме и реконструираме зелени површини на површина од 500.000 метри квадратни. Парк во општина Аеродром со површина од над 100.000 метри квадратни, парк во општина Карпош по должината на реката Вардар, зеленило покрај новите булевари и на многу други места. Градба на нова велосипедска инфраструктура, каде предвидуваме изградба на 20 километри велосипедски патеки. Нов забавен парк на местото на постојниот Луна-парк, истакна Груевски.

 

 

 

 

13.10.2017 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега