Марин: Горно Лисиче ќе добие атмосферска канализација и субвенции за еколошки огрев
Кандидатот за градоначалник на Аеродром од СДСМ, Златко Марин и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беа на средби со граѓаните на Горно Лисиче.
Презентирајќи ги проектите и плановите предвидени во програмата за Горно Лисиче, Марин рече дека во фокусот се големи инфраструктурни зафати.
- Горно Лисиче ќе добие функционална фекална и атмосферска канализација која е децениски проблем за граѓаните. Веднаш по изборите ќе го објавиме и планот за реконструкција на улиците кои се во многу лоша состојба. Ветувам инвестиции еднакво за сите граѓани, секаде во општината. Заврши времето на дискриминација, рече Марин.
Тој вети и изградба на детско игралиште, како и реконструкција на постојното фудбалско игралиште.
Спасовски истакна дека Владата со новиот буџет ќе издвои големи средства за субвенции за еколошки огрев и печки за жителите на Скопје. - Со новиот буџет, Владата ќе издвои средства за целосно субвенционирање на печки за огрев и еколошки огрев. Со ова ќе ги намалиме вашите трошоци и ќе го подобриме квалитетот на воздухот, истакна Спасовски.
Граѓаните на министерот Спасовски му се пожалија дека немаа сообраќајна сигнализација на улиците и на железничката пруги, а тој им вети поставување целосна сообраќајна сигнализација веднаш по изборите.
Златко Марин денеска продолжува со средби си граѓани во Три Бисери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа