Жбогар: Изборите се можност да се одреди идниот развој на општините
Локалните избори на 15 октомври се можност за вас граѓаните да ги изразите вашите гледишта за правецот во кој вашите општини треба да се движат во иднина, порачува шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија амбасадорот Самуел Жбогар во видео пораката упатена преку неговиот твитер профил спроти одржувањето на изборите.
- Ги повикуваме политичките лидери и членовите на партиите да ги спроведат изборите без заплашување и насилство. Потсетуваме на важноста да се направи јасна поделба меѓу државните и партиските активности пред, за време на и по изборите. Ние сметаме на државните институции како што е полицијата, независните институции како ДИК, како и граѓанското општество да го исполнат својот дел од одговорноста за одржување демократски, слободни и фер избори, вели евроамбасадорот Жбогар.
Тој, воедно, додава дека е важен секој глас.
- И на крајот секој глас е важен. Ги повикуваме сите граѓани да го исполнат своето демократско право на глас и на тој начин да ја обликуваат иднината на своите општини, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа