Уште три дена изборна кампања - еве каде ќе има митинзи вечерва
Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја продолжуваат изборната кампања.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средби со граѓани во Долнени и Кривогаштани и митинзи во Крушево и Прилеп.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Македонска Каменица и Пехчево и митинзи во Берово и Делчево.
Демократската унија за интеграција е на средба со граѓани во Гостивар, а Движењето „БЕСА“ во Сарај.
Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши во петок, 13 октомври, во 24 часот. Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.
Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа