Груевски: Ви ја нудиме „новата ера“ и 150 илјади нови работни места
Политиката на ВМРО произлегува од проекти и решенија. Решенијата и проектите ја формираат нашата политика. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало. Новата ера на 150 илјади нови работни места, односно пад на невработеноста под 10 осто. Кога можевме да ја намалиме од 38 на 22.6 осто, можеме да ја спутиме и под 10 осто. Нова ера на двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом, ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Гази Баба.
-Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари. Тоа значи 2.5 пати побогати граѓани, но и 2.5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера во која ќе секоја општина во државата, вклучително и Гази Баба учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиште. Придобивките се повеќекратни, децата добиваат секојдневно здрава храна значајно за нивното здравје и создавање на добри навики за користење на производи кои се корисни за нивниот развој, но и ќе се оствари заштеда за родителите. Директно се помага домашниот буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од околу 600 денари месечно за едно дете или за цела учебна година околу 5.400 денари. Ако има две деца, заштедите се двојно поголеми 10.800 денари, рече Груевски.
Тој додава дека сите треба да бидат сигурни дека новата Влада е во паника.
Тие се во паника затоа што вие забележавте дека овие луѓе не можат да постигнат ништо во текот на своето владеење. Мислеа или се надеваа дека не можете тоа да го видите и разберете, но не само што останува забележано туку и се чуствува со секој изминат ден. Намалени плати, пензии кои не растат, зголемени трошоци за живот. Овие луѓе од власта се неспособни. Тие се неспособни. Тие се практиканти без искуство и капацитет. Тие не знаат економија, не знаат инвестиции, работа во локална самоуправа. Тие се толку вознемирени и немаат конкретна идеја и план што да направат во врска со тоа. Тие оставија сè друго настрана и само фрлаат кал врз мене. Тие велат: “ние самите не можеме да сториме ништо, барем да го деградираме Груевски и да го обесхрабриме ВМРО”. Не го трошете вашето време. Ова нема никаква смисла. Ние сме горд глас на оваа нација, ние сме независен глас на Македонија. Ние сме Македонија. Нашето разбирање на работите е дека луѓето се на прво место. Наша цел е да го зголемиме квалитетот на животот и животниот стандард на нашите граѓани, потенцира Груевски.
Тој додава и дека колку и да тврдат тие дека сакаат да победат на локалните избори, тие пред се сакаат да ги освојат срцата на луѓето. Сакаат да ги допрат нивните животи.
-Ние не ја поделивме или класифициравме Македонија како Исток или Запад, Север или Југ, додека ги реализиравме нашите проекти и услуги. Работевме за да се осигураме дека секој граѓанин добива добра услуга, добри проекти и решенија за своето место. Нашата цел е да обезбедиме решенија за секој граѓанин на нашата држава, за да ги достигне стандардите на граѓаните од развиените земји во светот, нашите деца да добијат подобро образование, за нашите млади да имаат повеќе работни места, за нашите работници да имаат повеќе приходи, за нашите пензионери да добијат повисоки пензии, подобри социјални и здравствени услуги. Ние не бараме само победа за претстојните избори, ние размислуваме, им даваме приоритет на утрешните генерации. Ние размислуваме 10 години однапред. Размислуваме 20 години однапред. Имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера. Ја имаме новата ера. Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите, вели Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа