Анкети: Скопје останува за Трајановски - СДСМ води во Карпош
Телевизија Телма не соопшти податоци од анкетата за рејтингот на кандидатите за градоначалници на скопските општини, со објаснување дека статистичка грешка е поголема од 6%.
Според телевизијата кандидатот на СДСМ за градоначалник на општина Центар, Саша Богдановиќ, убедливо води пред противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски, па се предвидува негова победа во првиот кург
Слично сценарио се очекува и во Гази Баба, само што таму, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски се очекува да ја однесе победата уште во првиот круг пред Борис Георгиевски од СДСМ
Телма предвидува Стевчо Јакимовски за загуби уште во првиот круг од Стефан Богоев од СДСМ.
Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, според Телма тесно води пред Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ. Телма измерила дека Во Аеродром Златко Марин од СДСМ и Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ водат мртва трка.
Во Кисела Вода, пак, Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ води пред Филип Темелковски од СДСМ.
Во општина Чаир кандидатот на ДУИ Висар Ганиу и кандидатот на Беса, Зекирја Ибрахими, ќе одат во вториот круг. Нема сигурни податоци за Бутел и за Сарај.
Анкетата била спроведена од 24 септември до 2 октомври, врз репрезентативен примерок од над 1.500 испитаници.
Но анкетата на Телма има висока маргина на статистичка грешка а тоа 6%.
Сепак, внатре-партиските анкети на партии покажуваат дека треба да се очекуваат горе долу, слични резултати, со исклучок на тоа што Коневски има комотна предност пред Златко Марин.
Според истите неофицијални извори, комотна е и предноста на Коце Трајановски пред Петре Шилегов во Скопје, но сепак, втор круг во метрополата мора да има со оглед на големиот број пријавени кандидати.
Од друга страна, анкетата на Институтот Димитрија Чуповски покажува дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ убедливо водат во најголемиот дел од општините низ Македонија и најавува убедлива победа на опозициската партија на изборите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа