Чадиев: Ќе изградиме пешачки мост во населбата Речани во износ од 15 милион денари, пари издвоени од буџетот на општина Велес
Во наредниот четири годишен мандат како еден од приоритетите како градоначалник ќе ми биде подобрување на условите за живот во населбата Речани. Овде живеат се поголем број на наши сограѓани на кои најголем проблем им е комуникацијата со централното градско подрачје, вели кандидатот за градоначалник на Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Славчо Чадиев.
-Бидејќи постоечките решенија значат пристигнување во централното градско подрачје по заобиколен пат, ние ќе реализираме проект изградба на пешачки мост до населбата Речани. Мостот директно ќе ги поврзе со градскиот парк и на тој начин значително ќе се скрати патот и времето на движење, а освен жителите на населбата Речани очекуваме мостот секојдневно да го користат и граѓаните од населените места Весела Долина и Трпезица. Вкупната вредност на овој проект е 15 милиони денари пари издвоени од буџетот на општината Велес, а истовремено покрај овој капитален проект ќе изградиме и проектна документација за изградба на мостот до населбата Речани, како и урбанистичко уредување на овој дел од градот со носење на детален план кој е во изработка, а продолжуваме и со поставување на водоводни и канализациони линии во населбата, а предвидовме и еден милион денари за реконструкција на две улици во ова населено место, потенцираше Чадиев.
Освен овие средства тој додава дека се издвоени и 2 милиони денари за изградба на тротоар по улицата „Академик Пенчо Давчев“.
-Ова е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ние имаме реални проекти со рокови и со финансиски средства кои се предвидени за оваа реализација и затоа граѓаните се сигурни дека со заокружување на бројот 13 на 15 октомври овие проекти ќе бидат сработени и нема да бидат излажани, рече Чадиев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа