Пенков: Приоритет е асфлатирање на сите улици во Неготино

 

Кандидатот за градоначалник на општина Неготино од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков денеска презентираше дел од неговата програма за општината, каде што проектите се наменети за да ги задоволат потребите на граѓаните.

-Општина Неготино ги заслужува сите обележја на урбана средина затоа во наредниот период од моето работење приоритет е асфалтирање на сите улици во градот Неготино и сите населени места. Заради побезбеден и порегулиран сообраќај, како во градот, така и во сите населени места, истакна Пенков.

 

Посочи дека во селото Тревник приоритет е асфалтирањето на главната улица, а во селото Војшанци асфалтирање на пристапната улица кон населеното место.

-Еден од најзначајните проекти е поставување на фекална канализација за селата Црвени Брегови и Дуброво како еден од најважните предуслови за градење на урбана заедница. Следен приоритет е уредување на централното подрачје во селата Тревник, Криволак и Курија со асфалтирање и поставување на орбана опрема и паркови во овие населени места. Ова се само еден дел од проектите содржани во нашата програма за работа, потенцира Пенков.

Вели дека заедно со тимот ќе ја реализираат програмата за модерна и урбана општина.

 

 

 

10.10.2017 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега