Тарчуловски: Децата се на прво место во мојата програма
Децата се нашето најголемо богатство, нашата гордост, нашата радост и нашата иднина. Сите деца имаат еднакви права и на сите треба да им се даде неопходната поддршка и да им се овозможат еднакви можности. Одговорноста за децата е на целата заедница, на сите нас. Затоа сакам да потенцирам дека во нашата програма децата се на прво место. Ова го истакна Јохан Тарчуловски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кисела Вода.
-Ќе изградиме 2 нови детски градинки една во населба Расадник а друга во Драчево. Градинките ќе бидат опремени со специјализирани Сензор соби, за потребите на децата со пречки во развој и нивна полесна комуникација и интеграција. Ќе направиме лулашки во секое населено место, ќе никнатмини детски игралишта во секое катче од општината. Ќе изградиме нова училишна спортска сала во кругот на новоизграденото основното училиште Рајко Жинзифов во населба Драчево. Ќе извршиме реконструкција на подот во спортсикте сали на 3 основни училишта, ќе изгрдиме мини терени за фудбал. По ситемот на енергетски менадџмент ќе бидат реконструирани повеќе од 10 воспитно образовни институции на територијата на општина Кисела Вода. Во насока на обезбедување на квалитетна практична настава , ќе продолжиме со доопремување на училиштата и училишните кабинети. Ќе ги наградуваме 100-те најдобри ученици од основните училишта. Ќе воведеме училишни униформи во училиштата, со цел заштеда на буџетот на родителите, истакна тој.
Тарчуловски најави дека ќе бидат обезбедени бесплатни градинки и дневен престој за децата од еднородителски семејства. Ќе биде воведен продолжен училишен престој под педагошки надзор, за да се излезе пресрет на динамичното темпо на работното време на родителите.
Потенцира дека ќе продолжи со подршката и исплатата на еднократна финансиска помош за новородено бебе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа