На агендата на Шилегов денеска спортот за хуманост

 

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, од СДСМ Петре Шилегов во текот на четиринаесеттиот ден од кампањата за локални избори 2017 (09-ти октомври), оствари средба со граѓанската организација „Полио Плус“, и го посети СРЦ Сарај.

„Го враќаме сјајот на училишните турнири, ги ревитализираме школските сали и игралишта и градиме нови рекреативни содржини насекаде низ градот. Овој запуштен спортско-рекреативен центар го враќаме од заборавот. Ги ревитализираме училиштата, игралиштата, патеките, урбаната опрема и останатите објекти во овој центар, со цел да ги привлечеме посетителите кои во минатото ги имаше во огромен број“, рече Шилегов.

Тој додаде дека овој простор ќе биде исполнет со содржини за деца, за млади, за спортисти и за одржување на разни фестивали и на спортот и од културата.

„Ја ревитализираме можноста, да преселиме некои од спортските институции, Факултетот за физичка култура или Спортската Академија во рамките на овој комплекс како би овозможиле баш оваа постојна инфраструктура, да биде од корист и на учениците и на процесот наставен што се одвива во тие институции“, истакна Шилегов кој најави ревитализација на СРЦ Сарај.

Шилегов ги посети и чајџилница во Алија Авдовиќ, дуќанџиите во нас.Маџари 1 и пензионерскиот дом во Хиподром.

Денес во 12 :00 часот, заедно со кандидатот за градоначалник на општина Аеродром Златко Марин, ќе се приклучат на љубителите на спортот од оваа општина и ќе трчаат за хуманост. Се собираат средства за семејство од Долно Лисиче кое има потреба од помош. Трката започнува од мостот „Близнаци“ на кејот на реката Вардар.

Во вечерните часови ќе агитира од врата на врата во општина Аеродром, а ќе присуствува и на редовниот состанок на Ротари Клубот во Александар Палас.

 

 

 

10.10.2017 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега