Богдановиќ: Ревизија и одговорност за „Скопје 2014“
Кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ Саша Богдановиќ најавува дека ќе спроведе детална ревизија на проектот „Скопје 2014“ и оти ќе ја објави целата документација за проектот.
Според Богдановиќ, содржините на „Скопје 2014“ ја одзеле, како што рече, душата и убавината на централното градско подрачје. - Се украдоа милионски суми од граѓаните за барок и стиропор. Со енергична борба успеавме да спасиме да не никнат и Шпански скали, со новата власт во Скопје ќе се сопре и изградбата на Панорамското тркало. Се боревме и за Кејот и за зеленилото. Но власта продолжуваше со безумието, изјави денеска Богдановиќ.
Тој смета дека општина Центар сè уште може да направи многу повеќе во однос на ова, според него, чувствително прашање што досега никогаш не е докрај расчистено.
- Затоа ќе направиме детална и функционална ревизија со надлежните институци на целиот проект, а особено на тоа како брутално се спроведувале тендерите и набавките и деталните урбанистички планови што овозможија „Скопје 2014“ да биде најпознат архитектонски феномен во регионот, се разбира по лошо, истакна Богдановиќ, најавувајќи дека ќе ја објави документацијата за „Скопје 2014“ и оти од одговорност нема да биде поштеден никој
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа