Коневски: Горно Лисиче добива нов парк

 

Од бројните проекти што ги предвидоа во предизборната програма за Општина Аеродром, денеска го промовираа конкретно проектот за изградба на нов парк во населбата Горно Лисиче.

-Новиот парк ќе биде изграден во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, така што и оваа населба ќе добие не само ново катче за рекреација, туку модерен лик каков што доликува на секоја урбана општина. За хортикултурно и партерно уредување на просторот со поставување урбана опрема предвидовме 6 милиони денари, изјави Ивица Коневски.

 

Кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски ги покани граѓаните на претстојните локални избори да го дадат својот глас за него и за кандидатите од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ на чело со доктор Виктор Камилоски, за да можат да го реализираат не само овој, туку и други проекти предвидени во изборната програма.

 

 

 

10.10.2017 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега