СДСМ во Струмица и Радовиш, ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба и Шуто Оризари
Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја продолжуваат изборната кампања.
Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи средби со граѓани во Конче, Босилево, Василево и Ново Село и митинзи во Радовиш и Струмица.
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Сарај, Чаир, Студеничани и митинзи во Гази Баба и Шуто Оризари.
Демократската унија за интеграција е на средба со граѓани во Кичево, а Движењето „БЕСА“ во Липково.
Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши во петок, 13 октомври, во 24 часот. Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа