Продолжува изборната кампања: Ова се пораките од митинзите

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев од митинзите во Арачиново и Гази Баба испрати пораки за заедништво, мултетничност и соживот. - Македонија ја правиме заедничка и земја за почит. Испишуваме историја, градиме едно општество за сите, носиме живот еднаков за сите, истакнаа лидерот Заев и кандидатката за градоначалничка на Арачиново, Миликије Халими.

Заев рече дека со Миликие Халими се отвора ново поглавје за Арачиново и за Македонија.

- Времето на политичари кои не делеа етнички, верски или на било кој друг начин заврши. Времето на лажни политики е минато свршено време. Македонија отвора нови перспективи. Секој граѓанин е важен, власта ќе им служи подеднакво на сите граѓани. Заедничка, единствена, сплотена Македонија е нашата иднина, порача Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пак, од Валандово и Гевгелија, истакна дека 15-ти октомври се решава дали ќе продолжи слободното паѓање или тоа ќе биде сопрено и ќе почне новата ера во Македонија.

- Не гласаме само за нашите градоначалници, за нашите градови туку сите ние заедно ќе одлучиме каква ќе биде Македонија по 15-ти октомври, рече Груевски. Пред валандовчани и гевгеличани вети и поволни услови за стекнување сопствен дом со пониски трошоци, како и отпис на комунални долгови за социјално загорозените граѓани.

- Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новите совети на општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година, рече Груевски.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, од митингот на плоштадот Скендербег во Скопје, порача дека од 15 октомври скопската општина Чаир ќе ја води нивниот кандидат Висар Ганиу. Ахмети уште еднаш се осврна на соработката со СДСМ на локалните избори и нагласи дека ова партнерство се состои во помагање еден на друг во тие општини каде што едната партија нема можности за победа.

 

 

 

 

10.10.2017 - 08:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега