Заев: Заврши времето на политичари кои не делеа етнички и верски
Времето на политичари кои не делеа етнички, верски или на кој било друг начин заврши. Времето на лажни политики е минато свршено време. Македонија отвора нови перспективи, порача вечерва лидерот на СДСМ Зоран Заев на митингот на коалицијата „За живот во Македонија“ во Гази Баба.
Тој ја побара поддршката од жителите на, како што рече, мултиетничка Гази Баба, бидејќи само сплотени може да се урне режим кој со години владее во општината, а ништо не прави.
- Како е возможно 11 години да бидеме скарани со сите соседи, а само за четири месеци да изградиме пријателство со сите наши соседи. Возможно е. Викаат немало пари. Како е возможно за четири месеци да заштедиме 45 милиони евра. Тоа е за еден мандат основниот буџет на општина Гази Баба, а ние го заштедивме за четири месеци, рече Заев.
Претседателот на Владата вети директна поддршка од централната власт за гасификација на Гази Баба.
- Ќе има прво гасификација по градинки, училишта и индустриски објекти. Втората фаза е веднаш приклучок на домаќинствата. Природниот гас поминува од овде и мора да се користи, истакна Заев. Преку фондот за капитални инвестиции, Заев рече дека ќе се поддржи новото училиште во Гази Баба кое ќе биде со капацитет од 550 ученици. Тој вети поддршка за капитални инвестиции во канализациската и водоводната мрежа. Како централна власт, нагласи дека ќе дадат подршка за решавање на комуналните проблеми во општината. Кандидатот за градоначаланик на Скопје од СДСМ Петре Шилегов порача дека нема да дозволат урбанистичките планови да се носат ноќе.
- Водно ни го упропастија, Гази Баба шумата ја упропастија, Скопска Црна Гора ја соголеа, а нас не оставија да се гушиме од чад и во смог. Ни велеа седете си дома не ги отварајте прозорите. Скопје и Гази Баба и останатите општини станаа обични играчки во рацете на Никола Груевски, рече Шилегов На жителите на Гази Баба им порача дека тие најдобро од сите знаат што значи да се биде заборавен од оние кои треба да работат за нив.
- Она што вие го преживеавте со поплавите коишто зафатија делови од оваа општина во Стајковци, во Сингелиќ, не може да се заборави никогаш во животот. Имаше жртви цели домови, цели домаќинства беа уништени па никој не презеде ништо, никој не сносешеодговорност, нагласи Шилегов.
Тој вети дека Скопје ќе стане град со идеја, град со приаказни и дека повторно ќе стане солидарен и хуман град.
- И затоа една од мерките која што ќе ја вратат убавината на нашето Скопје, е можноста скопјани за секое новородено дете да засадат по едно дрво, рече Шилегов. Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Гази Баба Борис Георгиевски пред жителите на опшинатата се обврза дека општинската администрација ќе биде отворена и ќе работи за сите граѓани.
Тој вети пешачка и велосипедска патека на кејот на реката Вардар како и пешачки мост за поврзување со Аеродром кај Керамидница. Георгиески рече дека чиста вода за пиење ќе добијата селата Раштак Булачани и Страчинци, а селата Стајковци и Сингелиќ ќе добијат градинки.
- Двојно ќе ги зголемиме зелените површини на територија на општината, ќе субвенционираме еколошки горива за затоплување. Атокоманда ќе добие современ здравствен дом, истакна Георгиевски.
Тој се обрза дека ќе ги реновира сите градинки и училишта во општината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа