Груевски со два големи проекти важни за граѓаните: Отпис на долгови за социјално загроени семејства и полесно стекнување на сопствен дом
На централниот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Гевгелија говореше и претеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Грувевски. Тој кажа дека политиката на ВМРО произлегува од проекти и решенија, од решенијата и проектите ја формираат нивната политика. Тој напомена дека тие ја нудиме новата ера, новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало.
-Новата ера на 150 илјади нови работни места за наредната декада, односно намалување на невработеноста под 10 осто. Кога можевме да ја намалиме од 40 на околу 22.5 осто, можеме да ја спутиме и под 10 осто. Кога во минатата декада можевме вработеноста да ја зголемиме од 560 илјади на 733 илјади или поточно да ја зголемиме 173 илјади нови работни местам ќе можеме во наредната декада да отвориме најмалку 150 илјади. Нова ера на двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари. Тоа значи 2.5 пати побогати граѓани, но и 2.5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, за нови патишта, за нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови, изјави Груевски.
Тој кажа дека тоа е нова ера на најниски даноци, поголеми плати, повисоки пензии и субвенции, нова ера на големи вложувања во екологијата, во почист воздух, вода и почва
-Нова ера во која ќе секоја општина во државата, вклучително и Гевгелија учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиште. Придобивките се повеќекратни, децата добиваат секојдневно здрава храна, приготвена од нутриционисти, значајно за нивното здравје и создавање на добри навики за користење на производи кои се корисни за нивниот развој, но и ќе се оствари заштеда за родителите. Директно се помага домашниот буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од околу 600 денари месечно за едно дете или за цела учебна година околу 5.400 денари. Ако има две деца, сумата е дупла, изјави Груевски.
Тој во Гевгелија повторно ги спомена и најави двата нови проекти:
Стекнување на сопствен дом
Овој проект е значаен посебно за младите семејства кои сакаат да стекнат сопствен дом. Со овој проект, ќе овозможиме семејствата кои немаат сопствен дом, да можат да дојдат до сопствен дом со многу пониски трошоци. Проектот ќе опфати: Обезбедување на локации и земјиште за изградба на нови куќи од страна на општината. Земјиштето ќе биде поделено на парцели и понудено за купување на аукција по симболична почетна цена од само 1 евро по квадратен метар. Општината ќе ги укине или намали трошоците за граѓаните за комуналии, на следниов начин:
– семејства со приход до 1 просечна нето плата во РМ (во моментов изнесува 22.670 денари месечно) – 100% или целосно ослободување од комуналии. За оваа категорија на граѓани земјиштето ќе биде дадено бесплатно.– семејства со приход од 1 до 2 просечни нето плати (од 22.670 до 45.340 денари месечно) – 75% ослободување од комуналии
– семејства со приход меѓу 2 и 3 просечни нето плати (од 45.340 до 68.010 денари месечно) – 50% ослободување од комуналии и
– семејства со приход од 3 до 5 просечни нето плати (од 68.010 до 113.350 денари месечно) – 25% ослободување од комуналии
-Општината ќе има обврска од сопствени средства да им обезбеди патна и комунална инфраструктура на граѓаните за овие локации, вели Груевски.
Тој додава дека овој нов проект се однесува за надградба на постоечки куќи.
-Предвидуваме ослободувањето или намалувањето на комуналии да може да се користи и во овој случај, доколку некое семејство сака да изврши надградба на кат на постоечка куќа. Процентите на намалување на комуналиите се идентични како при изградба на нова куќа, потенцира Груевски.
Вториот проект кој го најави Груевски е отпис на долгови засоцијално загрозени семејства
-Во сите општини во кои ќе победат градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонијa, ќе извршиме еднократен отпис на достасани долгови за вода и ѓубретарина заклучно со 30.09. 2017 година, за граѓани од социјално загрозени семејства, и тоа: Приматели на социјална и постојана парична помош (околу 35.000 лица) Семејства кои што се приматели на посебен додаток, односно имаат лица со пречки во развојот (околу 8.000 лица) Семејства кои што се во потешка материјална состојба, односно имаат приходи помали од просечната плата во Македонија. Овој проект произлезе од нашите средби што ги имавме со лицата од социјално загрозени семејства и честите барања за ослободување од плаќање на сметки за вода и комуналии. Со оваа мерка ќе се избегнат и утужувањата и трошоците за извршители за сите лица и семејства опфатени со овој Проект. Отписот на долгови за вода и комуналии ќе биде донесен како мерка на првата седница на новиот Совет на Општините и ќе стапи во сила веднаш, односно од ноември 2017 година, потенцираше Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа