Наумоски: Нема да дозволиме недомаќини повторно да владеат со Ѓорче
Нема да дозволиме луѓе недомаќини повторно да завладеат со нашето Ѓорче. Го направија запуштена општина. Немаме спорт, нема каде да се дружат младите, немаме кино, театар, немаме култура, изјави денеска кандидатот за градоначалник од СДСМ Александар Наумоски.
Мора, рече Наумоски, да работиме за нашите млади, за нашите деца, за нашите ученици, за нашите пензионери да имаат добар и здрав живот.
- Имаме програма, имаме план, нашето Ѓорче да не биде повеќе слепо црево на градот Скопје. Заедно со мојот тим ќе го модернизираме Ѓорче. Тоа ќе биде нашето најубаво место за живеење, рече в и побара поддршка од граѓаните
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа