Стојаноски: Сеопфатна стратегија за развој на Охрид

 

 

Нашата визија е Охрид да го направиме најважна точка на мапата на европски и светски културни центри и градови на езера. За да успееме во таа мисија, сите заедно ќе подготвиме сеопфатна стратегија за развој на градот. Оваа стратегија многу јасно ќе покажува кои се нашите цели како локална самоуправа, изјави денеска Јован Стојаноски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Охрид.

- Работиме по план. Именуваме работни групи за секој сектор, ги анализираме моменталните состојби, ги дефинираме стратешките приоритети и цели, за на крај да ги зацртаме плановите за акција. Нашата стратегија за развој е долгорочна и одржлива бидејќи ќе се темели на нови вложувања во стопанството и рационално користење на просторот. Иднината ја базираме на паметните технологии и обновливите извори на енергија. Ги подобруваме економските услови и квалитетот на животот на граѓаните, рече тој.

Стојаноски уште истакна дека граѓаните мора да одлучат во каков град сакаат да живеат.

- Со изработката на оваа стратегија, заедно ќе одредиме кои се целите и приоритетите кои сакаме да ги постигнеме како општина. Работиме посветено, бидејќи само така може да го гарантираме успехот. Успехот на еден, ќе значи успех на сите, на целата општина. Една од нашите мисии е создавање транспарентна општина за сите, и токму затоа, за оваа важна стратегија ќе го побараме мислењето на стручната јавност, но и на секој граѓанин, истакна тој

 

 

 

09.10.2017 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега