Шилегов: Ќе им го вратиме Скопје на граѓаните
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Петре Шилегов на вечерашниот голем митинг во Скопје порача дека Скопје веќе не е вмровски град и ги повика сите заедно да го зададат последниот удар на режимот на, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ.
– Скопје го враќаме на граѓаните. Нема партиски поделби, нема етнички поделби. Изминативе денови поминав многу скопски општини, сите ме пречекаа и меиспратија со истата порака - да се обединиме за на Скопје да му ја донесеме слободата. Десет години сме жртви на урбаното и коруптивното владеење на ДПМНЕ. Груевски преку Коце Трајановски правеше буквално што сака со нашиот град – истакна Шилегов.
Тој рече дека во 2018 година ќе ја започне гасификацијата на Скопје, кој, нагласи, ќе биде отворен и услужен град.
- Вашите идеи ќе бидат моја обврска. Скопје за време на мојот мандат ќе биде град што поврзува луѓе. Ќе ги поврземе Аеродром и Кисела Вода преку пруга. Скопје ќе стане вистински мултиетнички град. Нема веќе поделби - порача кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ.
Претходно на митингот се обрати граѓанската активстка Руше Рауфи Адеми која рече дека од идниот градоначалник очекува да се заложи за решавање на проблемите со загадувањето во Скопје. Таа побара урбаната мафија која царува итно да се запре.
Граѓанскиот активист Никола Писарев кој вечерва прв се обрати на централниот митинг на СДСМ пред Влада, му порача на новото државно раководство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа