Франгов: Општина Гевгелија е пример на успешно и отчетно работење и е општина со една од најниската невработеност во Македонија

 

Ветено и сработено беше нашето мото изминатите осум и пол години. Она што го ветивме, беше реално и остварливо, затоа што граѓаните на општина Гевгелија тоа и го заслужуваат. Да живеат во една модерна и просперитетна општина, истакна на денешната прес-конференција Иван Франгов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Гевгелија.

-Ветивме дека со сите планирани проекти што ќе ги реализираме, ќе го поплочиме патот кон една нова Гевгелија, која ќе го врати стариот дух и ќе ги врати насмевките на помладите и постарите гевгеличани. И, тоа се случи, со реализирани над 500 проекти, општина Гевгелија денес е пример на успешно и отчетно работење, општина со една од најниската невработеност во Македонија и една од најпосакуваните дестинации за живеење, вели Франгов.

 

Дел од планираните проекти за следниот период се: доизградба на нов водоснабдителен систем во Гевгелија за обезбедување на дополнителни и квалитетни количества на вода за пиење во регионалниот водовод, изградба на спортска сала, забавен парк и базен во рамките на спортско рекреативен комплекс „Касарна”, доизградба на 14 училници во СОУ „Јосиф Јосифовски” со цел обезбедување едносменска настава, доизрадба на 8 училници во ОУ „Владо Кантарџиев”, уредување на рекреативно излетничко место „Динќут” крај Гевгелија во место за спортување и рекреација, доизградба на Западен булевар и негово поврзување со Моински пат со што ќе се пренасочат тешките товарни возила надвор од градот, пуштање во употреба на Колекторски систем за прочистување на отпадните води и профункционирање на Пречистителната станица со што ќе се оствари  нашата определба за почиста животна средина, доуредување на инфраструктура за УПВНМ Граничен премин Богородица за изградба на трговски центар и хотелски комплекси.

Планирата е и изградба на современа, времена депонија за неопасен отпад во Гевгелија дореализацијата на проектот за изградба на Регионална санитарна депонија кај Добрашинци, како и изградба на Конска брана.

-Доградба на училиштето во Прдејци и пренамена во детска градинка и изградба на уште еден објект за детска градинка во градот, изградба на канализациона мрежа во село Милетково, изградба на канализациона мрежа во населено место Смоквица, регулација на коритото на Сува река (Конска река) и изградба на парк покрај реката, замена на азбестен покрив во ОУ „Ристо Шуклев“– Негорци, вели Франгов.

Тој вели дека ова се само дел од планираните проекти за општината.

-Ќе го дадам во својата работа секој грам со позитивна енергија. Ќе работиме со моите колеги-советници на посветен, отворен, позитивен и ангажиран начин за да ги оствариме сите проекти кои се наоѓаат во мојата и Изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, зошто само така, со остварени дела, се сака Гевгелија. Моето ветување, сега пред овие локални избори е едноставно и искрено, нагласува Франгов.

 

 

 

08.10.2017 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега