Минов: Со новата програма ветуваме уште поголеми инвестиции за квалитетна инфраструктура

 

Граѓаните на општина Карбинци заслужуваат да живеат во модерна, урбанистички и инфраструктурно уредена општина, истакна на денешната прес-конференција Зоран Минов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Општина Карбинци.

-Со сите проекти кои ги реализиравме во изминатите 4 години, ликот на нашата општина е целосно променет. Исполнетите ветувања за изградба на прочистелна станица, зелен  пазар, детска градинка, мостови, уредувања на речно корито, изградба на улици, изградба на спортски терени, реконструкции на училишта и јавните објекти придонесоа за подобри услови и повисок стандард за живеење, вели Минов.

 

Тој посочува дека индустриските зони кои се направени веќе ги даваат своите резултати.

-Со новата Програма ветуваме уште поголеми инвестиции за квалитетна инфраструктура, нови проекти за подобро и поквалитетно образование, нови проекти за поголема детска и социјална заштита, проекти за чиста и здрава животна средина, вели Минов.

Во наредниот период, меѓу другото, ќе се посветиме на:

  1. Изградба на клон на детската градинка Кокичиња во село Радање.
  2. Урбано уредување на одводен канал во село Долни Балван.
  3. Изградба и уредување на рекреативно езеро кај археолошки локалитет Баргала.
  4. Изградба на филтер станица на хидросистемот Злетовица со распределени цевководи до постојните резервоари до Таринци, Радање Карбинци, Којзак, Аргулица и Црвуљево.
  5. Изградба на регионален водоводен систем Плачковица со кој ќе се опслужуваат селата Парналија, Ебеплија, Јонузлија, Кепекчелија, Калузлија и Којзак.
  6. Изградба на локални патишта до населените места Калузлија, Ебеплија, Парналија, Кепекчелија, и населбата Вртешка.
  7. Изградба и асфалтирање на преостанатите улици во населените места на општина Карбинци и реконструкција на главните улици, тротоарите осветлување и атмосферска канализација во поголемите места.
  8. Изградба на сточен пазар.
  9. Уредување и геотехничко санирање и стабилизирање на коритото на Којзачка река во село Карбинци како и пејсажно уредување со кеј, велосипедска, пешачка патека и урбана опрема.
  10. Реконструкција на локален пат село Таринци село долни балван по стандарди за магистрален пат и изградба на пешачка и велосипедска патека.

-Општина Карбинци после еден подолг период на стагнација, започна да бележи економски раст, станавме општина во која започнаа да се отвораат нови работни места. Станавме општина која е препознатлива по големиот број на реализирани проекти, проекти од значење за сите граѓани. Граѓаните многу добро знаат колку и кога е изградено. Сигурен сум дека граѓаните повторно ќе изберат проекти за развој и просперитет на општина Карбинци, Сите заедно ќе продолжиме да работиме за Општина Карбинци каква што ја сакаме и заслужуваме, посочи Минов.

 

 

 

 

08.10.2017 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега