Продолжува изборната кампања: ВМРО-ДПМНЕ со митинг во Струмица - СДСМ во Скопје

 

Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја продолжуваат изборната кампања.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе одржи централен митинг во главниот град Скопје. 

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има средби со граѓани во Василево, Ново Село, Босилево и Конче и митинзи во Радовиш и Струмица.

Демократската унија за интеграција најавува средба со граѓани во Охрид и Струга, а Движењето „БЕСА“ во Желино. 

Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши на 13 октомври во 24 часот.

Шестите локални избори во Македонија се закажани за 15 октомври, а ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот. 

 

 

 

08.10.2017 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега