Илиоски: Во Битола ќе продолжиме да го поддржуваме спортот и да инвестираме во спортските клубови

 

Општина Битола и јас како градоначалник ќе продолжиме да го поддржуваме спортот во општината и тоа во повеќе сегменти, вели кандидатот за градоначалник на Битола од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски.

-Ќе продолжиме да го поддржиме професионалниот спорт и тоа во насока на тоа да не биде општината менаџер, туку таа да создаде услови тие клубови самостојно да егзистираат. А поголем акцент ќе се даде на училишните спортски клубови и лиги кои што се одржуваат во општината и помош за нивно одржување. Ние со нашата програма исто така ќе стипендираме млади ученици и спортисти. Ќе продолжиме со изградба на спортски терени во руралните средини и населби со помош на општината, а ќе градиме и спортски сали. Би сакал да кажам и за индивидуалните спортови кои што на еден начин не се познати во Битола како што се стрелаштво, кугларство и за нив ќе одвоиме посебни средства и посебна помош за да тие спортови можат да егзистираат во Битола, истакна Илисоки.

 

 

 

 

07.10.2017 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега