Георгиевски: Ќе го посетувам секое населено место и ќе бидам отворен за секој предлог
Вклучување на граѓаните во поставувањето на приоритетите при носењето на општинскиот буџет и транспарентно известување за трошењето на истиот, вети денеска кандидатот за градоначалник на оптина Гази Баба од СДСМ Борис Георгиевски.
-Ќе имаме отворени денови во кои јас како иден градоначалник ќе го посетувам секое населено место и ќе бидам отворен за секој предлог, сугестија или критика од нашите граѓани. Новата локална самоуправа ќе биде отворена за да може секој граѓанин да добие навремени, квалитетни и евтини услуги на едно место, истакна Георгиевски.
Најави враќање на функционирањето на месните и урбаните заедници кои, според него, ќе бидат основната клетка во општината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа