Демолиран штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и оштетени неколку билборди
Партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани и повеќе билборди се демолирани синоќа.
Непознати лица извршиле оштетување и нагрдување на штабот, испишувајќи по него пораки со партиска содржина.
-Партијата ги пријави инцидентите во канцеларијата на ОБСЕ и во МВР и побаравме да превземат соодветни законски мерки за пронаоѓање и утврдување на одговорност на сторителите со цел создавањеуслови за непречено одвивање на предизборна кампања. За жал, демолирањето на партиски штабови, насилството и вандализмот се дел од долгогодишно политичко искуство на нашите опоненти, истакна носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Лазо Митев.
Тој им порача на сограѓаните дека инцидентите, пораките на заплашување или вандалско однесување нема да ја обесхрабрат партијата да го задржи политичкото достоинство.
Рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја води кампањата на високо демократско ниво со една единствена цел, напредок на општина кочани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа