Нина Лековска: Секој треба да знае да танцува
Пред некој ден бев на свадба, честито нека им е на младите, еден период додека седев ги гледав гостите, оние кои седеа и останатите различни генерации кои се забавуваа на подиум на разновидна музика, од наши стари македонски евергрини до хитовит на Ријана. Дојдов до заклучок дека СЕКОЈ ТРЕБА ДА ЗНАЕ ДА ТАНЦУВА еве зосшто:
- Танцувањето не е само движење на тело, танцувањето е начин на размена на енергија, шанса да понудите некому пријатно уживање и истото да го добиете за возврат. Преку танцувањето да споделите насмевка и убав збор, тоа е едниствениот начин преку кој искрено но сепак задскриено се споделуваат искрени мисли, начин преку кој неизбежно е ГЛЕДАЊЕТО ВО ОЧИ. Танцувањето е начин на комуникација без говор.
- Момци треба да знаете како да поканите девојка, при тоа треба да знаете како танцувањето да го претпопите во приказна, треба да знаете дека со мал комплимент може да изнудите насмевка од неа, да знаете како да ја водите, како да и се заблагодарите и како со насмевка да ја вратите на местото од каде што сте ја земале.
- Девојки треба да знаете да танцувате со секого и при тоа да уживате, да знаете да ја прифатите приказната и да и се препуштите поточно да знаете да слдите, да знаете да им верувате на партнерите кои ве водат, како да се насмевнете и да се заблагодарите на поканата за танц....е
Танцот не е само движење на тело, тоа е уметност која има безброј скриени тајни. Оние кои ги откриле или ги откриваат се посреќни луѓе, со огромно задоволство можам да кажам дека и ја сум една од нив :) А уште посреќна сум што ја имам дарбата и да ја споделувам оваа уметност со сите оние кои што сакаат да ја научат :)
Ви посакувам убав ден и танцувајте што е можно повеќе :)
Нина Лековска - професионален тенчер
Танцов Клуб Сонриса
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа