Николоски: Воведена авиолинија Охрид-Истанбул со Туркиш ерлајнс

 

Со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид преку Истанбул ќе го поврземе со цела Европа и светот, истака вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на воведувањето на новата авиолинија Охрид-Истанбул.  
 
Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно нов развој на охридскиот аеродром затоа што најголемата светска авиокомпанија Туркиш ерлајнс воведува директна линија, четири пати неделно со најголеиот аеродром во Европа, аеродромот во Истанбул, што многу ќе значи за бројот на патници и не само за туризмот туку и редовното патување, затоа што аеродрмот во Истанбул  е со најмногу конектинг летови во Европа. Веќе познавам луѓе кои имаат купено карти од Торонто за Охрид или од Вашингтон за Охрид затоа што преку Истанбул со конектинг летови ќе можат да додјат во Охрид што драстично ќе го зголеми бројот на патници и тоа ќе помогне да се развива тузимот, бизнисот,  комуникациите, што е комплетна нова диманзија за охридскиот аеродром, рече Николоски.
 
Николоски посочи дека ова е резултат на обмислена стратегија, стратегија на субвенционирање што ја водиме откако бевме избрани.

„Го променивме целосно моделот на субвенционирање, за охридскиот аеродром од претходно 4,5 евра зголемивме на 12 евра по патник. И наместо за заминување, плаќаме за доаѓање затоа што целта е да даѓаат луѓето тука, ги променивме и другите услови и тоа го даваат резултатот. Веќе имаме две нови дестинации до Охрид, тоа е Истанбул и Базел, имаме нови осум дестинации од Скопје. Но од сите 10 дестинации за мене најважна е Истанбул бидејќи отвора нова врата за охридскиот аеродром и за целиот регион. Во преговори сме и тие преговори за брзо време треба да завршат со една голема компанија која што очекувам да донесе две до три нови дестинации и на тој начин да расте бројот на дестинации на охридскиот аеродром.

 
Мене ми е целта во рок од две години да имаме најмалку десет нови дестинации од Охрид, што целосно ќе го трансформирам туризмот во Охрид,  бизнисот и комуникациите и тоа што е особено важно, оние чартери кои што почнаа на Флајбирд во следната година наместо еден да се два дневно и да слетуваат во Охрид наместо во Скопје.  И пуштањето на автопататот на тие 40 -тина километри од Врбјани до Охрид секако многу ќе значи за охридскиот аеродром”, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.  
27.03.2025 - 15:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега