МВР: Три починати и повеќе од 20 повредени малолетни лица во пожарот во Кочани
Во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани според првичните информации на МВР имало околу 500 лица, а продадени биле околу 250 карти, а досега утврдени се три починати и повеќе од 20 повредени малолетни лица.
Според последните информации бројот на починати лица е 59, а 155 се повредени.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференција, информираше дека идентификувани се најголем број од жртвите и дека имињата на починатите по завршување на идентификација ќе бидат доставени во семејствата.
-Сите тела кои што беа во рамки на кривично-правниот настан се извадени од лице место. Во критична состојба имаме 22 лица и дел со авион ќе бидат пренесени во Турција, Бугарија и Грција и ќе добијат соодветен третман, изјави Тошковски.
МВР во координација со Јавното обвинителство, како што информираше Тошковски, до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено 20 лица, од кои 15 се во полициска станица.
Легална лиценца за работа фирмата немала и повеќе детали, Тошковски во овој дел од истрагата, рече дека не може да открие, но посочи дека, како и многу други работи од минатото е поврзана со мито и корупција.
За четирите лица за кои беше распишана централна потерница, Тошковски информираше дека се обезбедени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа